Книгите на Мама

Секоја книга е посветена на посебен дел од традиционалната кујна — разгледај ги трите изданија и избери го она што најмногу ти одговара.

  • Корица на книгата Традиционални јадења

    Традиционални јадења

    Марина Мицковска Арсовска

    Најсаканите традиционални рецепти на Мама — од супи и главни јадења до печива и зимница. Со точни мерки наместо „од око" и постапка чекор по чекор, за да успее уште првиот пат.

    Над 50 рецепти со слика за секое јадење, испорачани како PDF што го отвораш на телефон, таблет или компјутер — цела на македонски јазик, твоја засекогаш.

    Разгледај ја книгата
  • Корица на книгата Велигденски пост

    Велигденски пост

    Марина Мицковска Арсовска

    Готово испланирано посно мени за целиот велигденски пост — 4 недели оброци без стрес и без секојдневно нагаѓање што да зготвиш.

    Појадок, ручек и вечера за секој ден, во PDF за сите уреди и на македонски јазик — постот поминува мирно и вкусно.

    Разгледај ја книгата
  • Зимница

    Марина Мицковска Арсовска

    Традиционалните рецепти за зимница, чувани со генерации — ајвар, туршии, слатко и сè за полна остава низ целата година.

    Изданието допрва се подготвува и наскоро ќе биде достапно како PDF на македонски јазик.